
Вести
iOS Universel / Actualités
Читај вести во движење. На омилената клупа во градскиот парк, во автобус, еднокатен или пак двокатен, градски или меѓуградски, на било кое место каде што твојот уред има интернет конекција.
Вести е модерно дизајнирана апликација, интуитивна и прилагодена за твоето секојдневие. Специјално изграден за апликацијата и употребуван само од неа, Вести има свој агрегатор кој автоматски ги собира и групира содржините од над 100 македонски веб-страници, без човечка интервенција.
За сите што сакаат да се „во тек“, а немаат време во неограничени количини, тука се „Топ вестите на денот“. За останатите и за првите кога ќе сакаат да прочитаат нешто повеќе, имаме 9 секции уредно поделени во 37 категории, секоја со исфилтрирани новости на тема со името на категоријата. Доколку сакаш повеќе информации, имаме и опција да продолжиш кон оригиналниот извор и да ја прочиташ веста во целост.
Секоја тема има повеќе извори кои ја разгледуваат новоста од своја перспектива. Оставаме на тебе, во случај да сакаш да прочиташ второ мислење или пак да си ја прочиташ новоста од таму каде што сметаш дека е сервирана најдобро.
Целата содржина, вклучувајќи ги текстовите, насловите и фотографиите, е преземена директно од оригиналните извори, а ние не сме одговорни за нивната точност или достапност. Системот е целосно автоматизиран, па повремено може да се појават грешки или неточни поврзувања. Се трудиме максимално грешките да бидат сведени на минимум и континуирано работиме на нивно елиминирање.
Остани во тек со најновите вести од над 100 македонски веб-страници — групирани автоматски, достапни веднаш. Вести за iOS.
Quoi de neuf dans la dernière version ?
- Додадена можност за избор на повеќе категории одеднаш,
- Додадено пребарување на извори,
- Мали визуелни измени,
- Подобрувања и оптимизации.